Физикална Терапија

Што е физикална медицина?

Физикалната медицина претставува медицинска дисциплина која го изучува биолошкото дејство на различни облици на физичка енергија врз човечкиот организам, како и примената на физикалните процедури поради профилакса, дијагностика, терапија и медицинска рехабилитација. Под физикална терапија се подразбира  лекување со физикални агенси, природни и вештачки.

Физијатриски преглед, дијагностика, проценка, план и програм на лекување

Физијатрискиот преглед на пациентот се состои во испитување на постурата(став, држење на телото), одење, активна и пасивна подвижност на ‘рбетот и сите зглобови, тонус, трофика и снага на мускулите по ММТ(мануелно мускулен тест), рефлексна активност, сензибилитет, антропометриски мерења(мерење на обем и должина на екстремитетите, состојба на периферна циркулација, тест на активен дневен живот(АДЖ тест) доколку е потребен.

Ласер терапија
лекување со помош на ласерски зраци

Моќно биостимулативно дејство, забрзување на регенерација на оштетените и заболените ткива, намалување на оток и болка, антивоспалително дејство. Особено ефикасен за лекување на артрити, периартрити, тендовагинити, епикондилити, дисторзии, артрози, невралгии, радикулопатии, состојби после повреда на периферни нерви, херпес симплекс, херпес зостер, спортски повреди, мускулни трауми.

Магнетна терапија
лекување со помош на магнетно поле со ниска фреквенција

Антивоспалително дејство, намалување на оток и болка, подобрување на протокот на артериска и венска крв, подобрување на метаболизмот на ткивата. Се применува за лекување на широк спектар на заболувања: ревматоиден артритис, артрози, тендинити, радикулити, особено ефикасен при пострауматски состојби: фрактури на коски кои бавно зараснуваат, повреди на зглобови, лигаменти, тетиви и мускули, остеопороза, лузни, келоиди, екземи. Гипсена имобилизација не претставува пречка за примена на оваа терапија.

Електротерапија
лекување со помош на разни модалитети на електрична енергија

Сонотерапија-ултарзвук, сонофореза
лекување со помош на ултразвучни бранови

Механичко и топлотно дејство- генерирање на ендогена топлина. Се користи при пострауматски контрактури на зглобовите, дегенеративни заболувања, повреди на тетиви и лигаменти, келоиди и лузни, алгодистрофичен синдром, создавање на калус при фрактури, периартрит на рамо, calcar calcanei, херпес зостер, невралгија, склеродермија, ревматоиден артритис.

Фототерапија
лекување со помош на светлосна енергија

Инфрацрвената светлина има површинско топлотно дејство, се користи за намалување на едем, спазам и болка, вазодилатација на артериоли и капилари, цервикален и лумбален синдром, артрози, мијалгии, дисторзии, миогелози, вовед во други физиотераписки процедури: екстензија, електрофореза, кинезитерапија, електростимулација.

Биоптрон поларизирачка светлина
полихроматска светлина

Потикнување на регенеративни процеси, се применува при рани и улкуси кои тешко зараснуваат, изгореници, екзем, дерматитис, целулитис, артрози, артритис, фибромиалгија, периартрит, дисторзии, спортски повреди.

Медицинска мануелна масажа

Предизвикува релаксација, намалување на напнатост и болка во мускулите, локално подобрување на циркулацијата, ослободување од стрес. Се применува медицинска масажа, спортска масажа, релакс масажа(парцијална или на цело тело).

Мануелна лимфна дренажа

Се применува при трауматски едем(оток) после повреда, хроничен едем при потешки невролошки заболувања, лимфедем(примарен и секундарен) поради отстранување на регионални лимфни јазли на пр.радикална мастектомија, при контрактури и едем на шака по траума, мозочен удар или хируршки зафат, козметички индикации-отстранување на целулит и обезитет.

Миофасцијални техники на ослободување на болка

Брзо ослободување на болка, вкочанетост во мускули, мускулен спазам со помош на специјализирани мануелни техники.

Кинезитерапија

Лекување со помош на движење т.е. вежбање-сите видови деформитети на рбетен столб: сколиоза, кифоза, деформиети на стапала, деформитети на граден кош- индивидуален пристап и индивидуален кинезитераписки програм.

Физикалните агенси не предизвикуваат зависност или алергија како одредени лекови. Несакани дејства при правилна примена се јавуваат исклучително ретко.