- +38970 350 493
- +38971 298 156
- +38946 264 493
- Пон.-Петок 08:00h-17:00h
- ул.Богомилска бр.85А, Охрид
Секој кој страда од болки во грбот, половината или вратот, а причината за тие болки е оштетување на интервертебралните дискуси.
Кај нас Декомпресивната терапија се спроведува на специјализиран, компјутеризиран апарат-екстензомат, од реномирана фирма од Холандија.
Спротивно на механизмот на создавање на дискус хернијата, со Декомпресивната терапија се врши точно обратното декомпресија-ослободување на притисокот, повлекување на парчето дискус со помош на вакуум ефект од самата екстензија. Со ослободувањето на притисокот, брзо доаѓа до ослободување на болката и намалување на сите симптоми.
Логично е доколку постои механичка природа на заболувањето и лекувањето да биде механичко. Во над 90% од пациентите се одложува хируршката интервенција.
Современиот начин на живот и напредокот на технологијата, допринесоа за подем на дегенеративни болести на пршлените кои порано се јавуваа кај популацијата постара од 50-60 години, а сега веќе се почесто ги среќаваме кај лица под 30 годишна возраст. Причините за болката се многубројни, честопати професионално поврзани, без разлика дали се работи за претежно седечки начин на живот или пак интензивна физичка активност.
Симптомите на болки во грбот се често резултат на стареење. Дискусите дегенерираат до различен степен, намалувајќи го просторот наменет за нервите. Од тие причини е добро и превентивно да се спроведува Декомпресивна терапија, како би се забавило стареењето на дискусите и мекоткивниот апарат на ‘рбетот, зачувување на нивната функција се до длабока старост.
Исто така, многу ефикасен метод и за лекување на различни деформитети на ‘рбетот-сколиози, кифози, лордози. Целта е спречување на прогресијата на сколиозата и кифозата, зајакнување на мускулите-стабилизатори на рбетниот столб, истегнување на скратената мускулатура, зајакнување на паравертебралната мускулатура, одржување на капацитетот на белите дробови и корегирање на постурата.
Кај нас Декомпресивната терапија се спроведува на специјализиран, компјутеризиран апарат-екстензомат, од реномирана фирма од Холандија. Терапијата се изведува по претходна анамнеза и дијагностика, под постојан стручен надзор од специјалист лекар-физијатар, со асистенција од дипломирани физиотерапевти, по претходно точно утврден медицински протокол.
Терапијата се изведува индивидуално за секој пациент во зависност од неговата возраст, состојба, дијагноза, степен на оштетување на дискусот, степен на болка. Третманите се спроведуваат најчесто во серија од 10-12 третмани, понекогаш доколку е потребно и до 15 третмани. Најчесто се спроведува секојдневно или со пауза од 1-2 дена во зависност од видот на заболувањето и степенот на болка.
Дозирањето се врши постепено, прогресивно по претходно утврдениот протокол и е апсолутно безболно и безбедно. Пациентот за време на третманот не чувствува никаква болка, само благи, нежни истегнувања. Декомпресивната терапија може да се комбинира и со други видови физикална терапија.
Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација
ул.Богомилска бр.85А, Охрид