ПЗУ МАЈОРИС

Д-р Кувенџиева

За Живот без болка!
Стручност, Искуство, Традиција!
Физикална терапија без чекање!

ПЗУ МАЈОРИС

Д-р Кувенџиева

Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација

Се занимаваме со дијагностика, предоперативна и постоперативна, спортска и детска рехабилитација. Успешно лекуваме различни видови на заболувања од областа на ортопедија, неврологија, ревматологија, трауматологија, педијатрија, спортска медицина.

Користиме најсовремени апарати и техники со посебен акцент на лекување на заболувања на ‘рбетниот столб-дискус хернии со помош на DTS Декомпресивна терапија-екстензија на рбетот, единствени во овој регион специјализирани за ваков тип терапија.

Лекување на дискус хернија без операција!

Прва и сеуште единствена ординација од ваков тип во овој регион.

Години со вас!
Задоволни пациенти годишно
Прва ординација во овој регион.

Што е DTS Декомпресивна терапија?

DTS Декомпресивната терапија-екстензија на ‘рбетот е најсовремен, најсофистициран, апсолутно безбеден и безболен метод за лекување на различни видови заболувања на цервикалниот и лумбалниот дел на ‘рбетот:

 Особено популарен метод во САД и Западна Европа, каде бројни клинички студии го потврдиле високиот процент над 90% позитивни резултати.

Декомпресивната терапија се изведува на специјализиран компјутеризиран апарат-екстензомат со потекло од Холандија кој врши благо дозирани истегнувања на ‘рбетниот столб со што се постигнува отворање на интервертебралните простори од 1-3 мм. Целта е создавање на негативен притисок во самиот дискус и последователно создавање на вакуум ефект-враќање на хернираниот дел од дискусот, механичко ослободување-декомпресија на дискусот врз медула спиналис и спиналните корени, а со тоа и намалување на болката.

 Основана во 1995год., од Прим. Д-р Илија Кувенџиев, физијатар.

30 Години со вас!

СТРУЧНОСТ, ИСКУСТВО, ТРАДИЦИЈА!

Д-р Елена Кувенџиева

Физијатар

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација

М-р Маја Кувенџиева

Менаџер

Магистер по правни науки

Што кажаа нашите пациенти за нас

Прекрасни Искуства

Нашите успешни приказни.

Во ПЗУ МАЈОРИС дојдов поради Декомпресивна терапија, која ми беше препорачана како неоперативно лекување на дискус хернија. По завршување на третманите, конечно се ослободив од болката која ме мачеше скоро една година.
Многу високо ниво на професионалност, стручност и љубезност, како и посветеност и грижа за пациентите! Исклучително пријатен и ефикасен тим, за секоја пофалба! Сега знам каде да се обратам, се гледаме повторно!
Проблемот со шилецот на пета кој траеше со месеци е дијагностициран на прв преглед, а после три недели болката исчезна благодарејќи на ефикасната терапија. Вработените профи и љубезни, за секоја препорака.